Четири нови напади од улични кучиња во Скопје се регистрирани во денешниот билтен на МВР.

На 22.06.2020 во 21,55 часот во Полициската станица Кисела Вода В.С.(46) пријавила дека на ул.“Козјак“ нејзината 13 годишна ќерка била касната од куче скитник.

Вчера во 15,40 часот во Полициската станица Аеродром И.С.(46) од Скопје пријавил дека на бул.“Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

На 22.06.2020 во 18:00 часот во СВР Скопје, Б.Ц.(64) од с.Долно Лисиче, скопско пријавила дека на ул.10 во с.Долно Лисиче била касната од куче скитник.

На 22.06.2020 во 10:30 часот во СВР Скопје, Б.М.(43) од Скопје пријавил дека на ул. „Коце Металец“ бил каснат од куче скитник.