Халфот на Реал Мадрид, Иско е цврсто решен да остане во тимот, тврдат медиумите во Шпанија.

Иако Зинедин Зидан не планира да го користи како стартер во следната сезона, 27-годишниот фудбалер сака да продолжи да се бори за своето место во составот.

Интересно е дека Зидан исто инсистира Иско да биде задржан, но не може да му гарантира дека ќе игра редовно. Тоа не му пречи на шпанскиот репрезентативец, кој и пред враќањето на Зизу ретко влегуваше меѓу стартните 11 поради конфликт со поранешниот тренер на кралскиот клуб – Сантијаго Солари.

За Иско е заинтересиран Пари Сен-Жермен, но веројатно нема да дојде до таков трансфер.

Во текот на сезоната, офанзивниот играч од средниот ред забележа 26 натпревари и 3 гола во Ла Лиг