Реал Мадрид го комплетираше трансферот на Лука Јовиќ од Ајнтрахт, јави „Скај Германија“.

Од „кралскиот клуб“ се уште нема официјална информација, но наскоро се очекува и „белите“ да го потврдат доаѓањето на младиот напаѓач. 21-годишниот Србин потпишал 5-годишен договор со плата од 10 милиони евра по сезона.

Момчето беше привлечено од Бенфика првично минатото лето, а минатиот месец тој беше купен за 12 милиони евра откако заврши добра работа во тимот на Франкфурт и постигна 17 гола во Бундеслигата и уште 10 во Лигата на Европа.

Се очекува да биде официјално претставен следната недела откако овој викенд ќе ја заврши сезоната во Германија. Тој ќе биде второ засилување на Реал Мадрид за следната сезона, по Милитао од Порто.в