Од сите страни се соочуваме со политички диктати и условувања кои што немаат никаква врска со науката. Не можете вие со политички договор да кажете „ова е историја на еден народ, а ова е историја на друг“. И толку. И да оставите простор вашата национална историја да биде предмет на политички преговори, условувања, па нели, дури и предуслов на ЕУ за евроинтеграции, истакна историчарот Митко Панов во вчерашната емисија „Што не е јасно“ со Љупчо Цветановски.

„Се спомнува дека идентитетот и македонскот јазик не се предмет нз преговори, но гледаме дека и тоа како се предмет на преговори. Преспанскиот догвоор е класичен пример дека идентетот и тоа како е оспорен. Посебно што можат да се погледнате официјалните позиции на Атина од каде се уште тврдат дека македонската нација е вештачка… Тука имаме тенденција од политичкиот договор во Преспа, терминот, придавката „македонски“ да не биде еквиваленција на самоидентификација. Зборувам за официјални пригоди, па не може ни Комисијата, за членовите, во официјалните записници да стои дека се „македонски историчари“, туку „историчари од Република Северна Македонија“. Тоа е илузорно. Како тогаш ќе зборуваме за македонска историја или за македонска нација која не постои веќе со Преспанскиот договор односно забранета е употребата на придавката македонски да се однесува на нацијата. Освен за јадења, историја… но тоа се однесува за етничката категорија, но држава, нација, сите национални, државни институцции… кај сите нив е исклучена употребата на „македонска“, анализира Панов, осврнувајќи се Преспанскиот договор кој очигледно го смета за извор и на проблемите што ги имаме со Бугарија бидејќи таму потпишавме дека политички можеме да ја моделираме историјата и да се откажеме од еден дел од историјата и таму потпишавме дека ексклузивно право на придавката „македонски“ имаат Грците, освен како што истакнува Панов, за јадења и сл.

Што се однеусва до Самоил, Панов вели дека повторно истата генеза е присутна. Со тоа се комплицирасе бидејќи и во периодот на Византија има преименувања.

„Така и Самиоловото царсво е жртва на византиската политика. Бидејќи Василиј Втори по укинувањето на Самоиловото царство наметнува нов термин кој нема релации со претходното царство. Се со цел да демонстрира дека политиката и идеолошката програма во време на Самоиловото царство, кое егзистирало независно, тоа не е спорно и тоа во јадрото на територијата Македонија – Преспа, Охрид итн., потоа го редефинира во балкански контекст, каде терминот Бугарија се префрла на територијата на Самоиловото царство, а истовремено се врши преименувања на традиционалните бугарски територии со сосема други термини. Тоа е таа тенденција, еве да употребам една формулација од еден од врвните византолозите, Стивенсон, кој вели дека се работи за тенденција на современиот идентитет, зборувам за тоа време. Тие манипулации со термини се присутни во тој период, а Византија е класичен пример за тоа… Таа терминологија од тогаш е вештачки конструирана, но се провлекува. … Ние немаме ниту еден остаток кој ќе посведочи за тоа време, ниту еден автентичен извор од времето на Самоил, а за се треба да и веруваме на другата страна која што едноставно ја интерпретира историјата на свој начин и употребува терминологија за својата идеологија. Кога се создава Второто бугарско царство се создава копија и акомодирање на тие визанстиски наративи, прилагодени кон потребите на бугарското царство. Тука доаѓа до таа комплексност и бугаризирање на средновековните личности кои биле директно поврзани со територијата на Република Македонија, а немале никаква врска со Бугарија…, вели Панов додавајќи дека поради сето тоа, тој многу пати реагирал јавно дека таков тип на историски комисии, како нашите со Бугарија и Грција се несвојствени за демократски општества.