Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.

Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло. Утре, особено во источните делови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град, ќе дува засилен северен ветер.

Утрово најниска температура во земјава од 2 степени Целзоусови е измерена на 2 Попова Шапка и во Лазарополе. Следат Маврови Анови со 4 степени, 6 во Крушево, 7 Претор, 8 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, 9 Берово, Битола, Дебар, 10 Скопје-Петровец, Тетово, 11 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Куманово, Демир Капија, Струмица, 12 Штип, Кавадарци, Велес и 13 степени во Гевгелија, соопшти УХМР.

Најмногу воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот е наврнат во Виница 28 л/м2, потоа 27 л/м2 во Берово, 21 Куманово, 17 Крива Паланка, 13 Маврови Анови, 12 Лазарополе, 10 Демир Капија, 9 Штип, 7 Охрид, Велес, 6 Дебар, 5 Прилеп, Ѓуриште, Претор, 4 Гевгелија, 3 Скопје – Петровец, Тетово, Кавадарци, 2 Битола, Крушево, Тополчани, Попова Шапка и 1 л/м2 во Скопје – Зајчев Рид, Струмица и во Пожаране. Количините на врнежи, се наведува, се од дождомерните места на УХМР и локално количината на воден талог може да варира и да биде поголема од измерената.