Како што јавува Гласот на Истра, пренесуваат хрватските медиуми, судијката на Општинскиот суд во Пула, Вера Гласновиќ Ѓони, ги ослободила од вина вонбрачните сопружници од Италија кои биле обвинти дека илегално одгледувале канабис заради натамошна проидажба. Жената (48) со двојно државјанство, била обвинета дека заедно со сопругот(49), Италијанец, минатата година во изнајмен стан на Истра, одгледувала канабис, а според количината, се претпоставувало дека тоа е заради продажба. Билките биле одгледувани во полупрофесионални услови. При тоа, се добиле девет билки големи меѓу 14 и 65 см.
Како што наведуваат медиумите, хрватската практика е дека тоа по автоматизам се смета за „неовластена трговија“ под илегални услови. Обвинетата меѓутоа изнела пред судот низа докази и медицински материјали со кои се обидела да ја увери судијката дека станува збор за потреба поради здравствената состојба. Таа од 1996 е ХИВ позитивна, а покрај тоа е ностител на хепатитис Ц, поради што со години е на апчиња и терапии. Била прогласена за 74 отстотен инвалид.
На судењето сведочела дека на интернет прочитала што се може да им помогне канабисот. Така почнала со домашно производство, во што и помагал и сопругот.
Судијката ги изненадила сите со пресудата, посебно конзервативните кругови, во која навела дека станува збор за „безначајно дело“.
„Во прв ред треба да се има разбирање, па и некоја врста сочувство заради болеста на обвинетата, поаѓајќи од неспорната околност дека човекот во таква состојба е подготвен да стори се за да ја отстрани болката“, рекла судијката.
Иако хрватскиот правосуден систем не функционира врз принципите на преседан, како што е тоа случај и во РМ, сепак, оваа пресуда би можела да охрабри многу други судии да носат одлуки како таа на судијката од Пула.