Елиуд Кипчоге стана првиот човек во историјата кој успеал да комплетира маратон (42,2 км) за помалку од 2 часа. 34-годишниот Кениец постигна време од 1 час, 59 минути и 40 секунди на Виенскиот маратон.
Во неговиот претходен обид во 2017 година, само 25 секунди му недостасуваа на Кипчоге, кој е олимписки шампион во маратон од Рио во 2016 година.
Откако денеска го мина финишот, четирикратниот победник на лондонскиот маратон ја прегрна својата сопруга Грејс, мавташе со кениското знаме, а другите натпреварувачи веднаш побрзаа кон него да му честитаат.