Можеби им звучи смешно на многумина, но најновото истражување покажа дека ако се извалкате додека јадете, ова е еден од показателите за интелигенција.
Имено, луѓето често тоа го сметаат за неспретност, но тука се работи за нешто сосема друго.
Постои разлика во начинот на кој еден многу интелигентен човек го користи својот мозок во споредба со луѓето со пониска интелигенција.
Кога размислувате за сè што се случува и кога ја кревате чашата и ја принесувате до уста, работата станува многу појасна. Вашиот мозок ја пресметува тежината на чашата, растојанието кое раката мора да го помине без да ја истури, брзината на движење на раката и положбата на устата.
Меѓутоа, интелигентните луѓе многу ретко се фокусираат на работите што се случуваат во моментов, особено на оние што ги работат механички. Имаат сто други работи на памет.
„Колку е поорганизиран вашиот мозок, толку сте поинтелигентни. Со други зборови, не се работи за тоа дека сте несмасни, туку дека другите работи се далеку повеќе приоритети за вас отколку пијалаците што ги консумирате, а кои доаѓаат на секундарно место“, објаснува авторот на студијата Стив Џонсон.
Други карактеристики што покажуваат натпросечната интелигенција:
2. Сочувствувате со другите;
3. Духовити сте;
4. Имате силна самоконтрола;
5. Сакате да бидете сами;
6. Отворени сте за нови идеи;
7. Вие сте свесни за вашето незнаење;
8. Лесно се прилагодувате на новите ситуации и луѓето;
9. Вие ја претпочитате ноќта од денот;
10. Тешко дека нешто ве попречува во работата.