Италија ја победи Австрија во вечерашниот натпревар од осминафиналето на ЕП во фудбал. Трите гола за резултат 2:1 беа постигнати во прдолженијата, пткаков о регуларниот дел, натпреварот заврши 0:0. .

Италијанците беа подобар противник во првиот дел, но не успеаја да ја материјализираат подобрата игра. Најблиску до гол беше Чиро Имобиле кој ја погоди пречката.

Во вториот дел Австријците беа многу подобар противник, а Арнаутовиќ во 65. минута постигна гол кој, но по консултација со ВАР главниот судија Ентони Тејлор, бепе поништен.

Киеза во 84. минута влезе на местото на Доменико Берарди, а само десет минути подоцна успеа да донесе водство од 1-0 за Италија. На 2-0 зголеми Песина. До крајот Австријците успеаја само да го ублажат поразот со голот на Саша Калајџиќ во 114. минута, а во тој период имаа уште неколку можности за гол, но без успех.

Италија во четвртфиналето ќе игра со подобриот од мечot меѓу Португалија и Белгија.