По шестмесечни истражувања во градот Павија, мултинационална компанија е готова да пушти серолошки тест реализиран од екипа од 50 истражувачи, во нејзината лабораторија во Салуџа, до Верчели.

Според Кориера дел Сере, за две недели треба да биде готова и сертификацијата.

Веднаш потоа, тестовите ќе можат да се применат на населението и ќе чинат пет евра.

Овој тест ќе бдие од групата брзи тестови кои откриваат кој бил заразен, оздравел и развил антитела.

За да се откријат антителата на апциентот му се зема крв. Протипот на тестот бил направен на 150 пациенти во Павија. Сите тие биле во различни фази од болеста, пишува бугарски 24 часа.

Според Кориера дел Сере во Италија тестот ќе бид достапен за две недели. Во моментов се подготвува спогодоба со Белгија за 3 милиони тестови, а од САД и Германија постоела нарачка на 10 милиони тестови.

Во Италија, предност за овие тестови ќе биде дадена на медицинскиот персонал. Масовен скриниг од овие тестови во земјата се планира во последната фаза од епидемијата.