Италијанскиот премиер Марио Драги планира да свика итна средба на врвот на Г -20, на која ќе се разговара за ситуацијата во Авганистан, објави „Ла Република“.
Претходно закажаниот самит на Г -20 ќе се одржи во Рим на 30 и 31 октомври оваа година, но според изданието, кабинетот на Драги работи на одржување на вонреден состанок на шефовите на држави или влади на дваесет водечки економии во врска со преземањето на власта на талибанците во Авганистан.