Лидерот на либанското екстремистичко движење Хезболах Хасан Насрала, оцени дека повлекувањето на САД од Авганистан треба да послужи како лекција за Израел дека таа земја не е сигурен партнер.

Во синоќешното обраќање до неговите поддржувачи преку телевизија, Насрала истакна дека талибанското преземање на Авганистан е „морален пад на Америка“.

– Оние кои највнимателно следат и извлекуваат заклучоци од него се Израелците, рече тој.

Тој, исто така, оцени дека американскиот претседател Џо Бајден е подготвен да „прифати историска грешка“ за да докаже промена во политиката, односно дека САД во иднина нема да војуваат со други земји, и реторички праша што би значела новата американска надворешна политиката за Либан и неговите соседи.

– Секој мора да размисли и да посредува во тоа. Оние на кои им се потребни најмногу заклучоци и мудрост се луѓето во регионот, рече водачот на проиранскиот шиитски Хезболах, алудирајќи на победата на талибанците, пренесе израелски i24news.