Италијанската полиција разбила две криминални групи, чии членови се албански државјани кои се занимавале со недозволена трговија со дрога.
– Уапсени се 18 лица, запленет е имот вреден два милиони евра, кој се состои од автомобили и недвижен имот, како и пари во готово. Исто така, запленети се и 25 килограми кокаин и 11 килограми марихуана, пренесуваат албанските медиуми, повикувајќи се на италијанската полиција.
Двете криминални групи вршеле шверц на дрога на територијата на Венето.
Во истрагата биле опфатени 33 лица кои оперирале и во Венеција, Падова, Тревизо и Верона, додека врските стигнувале до Ломбардија.