Поддршката на Вашингтон за аспирациите за независност на Тајван се заканува со оружен конфликт меѓу САД и Кина, изјави кинескиот амбасадор во Вашингтон, Чин Ганг во интервју за американската радио станица НПР.

– Доколку тајванските власти, охрабрени од САД, продолжат на патот кон независност, тоа најверојатно ќе ги вовлече Кина и САД во оружен конфликт, истакна Чин.

Дипломатот го нарече Тајван „најголемото буре барут“ во односите меѓу Пекинг и Вашингтон. Тој нагласи дека Кина е посветена на мирно обединување со островот, но нема да се откаже од воените средства, бидејќи тоа е одвраќање.