За да нема гладни луѓе во светов потребни се околу 30 милијарди долари годишно, пари кои се трошат за оружје на секои осум дена, вели свештеникот Филип Иванов од Велес, кого верниците го прашувале каде е Господ да помогне.

– Потребни се околу 30 милијарди долари годишно за да се нахранат сите гладни луѓе во светот. Истата таа сума се троши на секои ОСУМ ДЕНА на оружје и војска низ светот. Затоа, кога ќе ме прашаат каде е Господ во сето страдање на човекот, јас прво прашувам каде е човекот во сето страдање на човекот, објавува Филипов на својот прфил на Фејсбук.

Оваа објава предизвика бројни коментари на корисниците на оваа социјална мрежа. Филипов не цитира извор за податоците кои ги наведува во објавата.