Во Турција се одржаа парламентарни и претседателски избори. Граѓаните го избраа претседателот меѓу актуелниот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган, главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу и Синан Оган. Гласачките места се затворени во 17:00 часот по локално време, односно во 16:00 часот по наше време.

По нешто повеќе од 30 отсто од обработените гласови, Ердоган беше во водство. Тој имаше имаше 53,62 отсто од гласовите, а првиот противкандидат Кемал Киличдароглу доби 40,42 отсто. Синан Оган освои 5,4 отсто од гласовите, јави државната телевизија ТРТ Хабер.

Слична разлика постои и по речиси 40 отсто од пребројаните гласови. Односно, по 38,8% пребројани гласови, Ердоган има освоено 52,7%, а Киличдароглу 41,4%, додека Синан Оган е на 5,4%.