Симболот на солидарноста во Скопје- Универзалната сала руинирана пеплосана до темел, а никој не знае под чие владение е. Министерот за култура тврди дека Универзална незаконски е преземена од град Скопје. Од ресорното министерство не можат да го градат тој објект, па затоа е стопиран процесот. Најави кривични пријави за сите кои биле инволвирани во нелегалното преземање на Универзална.
-Ние како Министерство, како владина институција, по закон не можеме да финансираме или да градиме објект што е локална установа. Уште малку имаме да за да ги финализираме работите и ќе ја кажеме точната ситуација за Универзална сала, на посебна прес-конференција ќе ја појасниме постапката од почеток до крај за да не бидат во заблуда ни граѓаните, ниту институциите – рече Љутков.
Министерот за култура сепак има план како ќе се реконструира Универзална на легален начин, но не го откри се уште пред јавноста. Уште се правеле анализи, но тврди дека до 2028 година Скопје ќе ја добие повторно салата која по катастрофалниот земјотрес во Скопје беше изградена од меѓународни донации, како симбол за човечка солидарност за обнова на градот.
-Скопје во 2028 година ќе ја има Универзална сала и ќе ја има на законски и легален начин. Ова што е направено до сега е незаконски и нелегално, подлежи на кривични пријави. Ние ќе го запреме ваквото дивеење и незаконско работење, ќе ја вратиме постапката и најтранспарентен и на најлегален начин Скопје ќе биде Европската престолнина на културата со нова Универзална сала и ќе се гордее со неа затоа што ќе биде изработена законски- додаде тој.
Минатата година Министерството за култура, со владина одлука ги презема ингеренциите да ја реконструира Универзална сала, а градот Скопје ја прифати иницијативата. Одлуката следеше откако по локалните избори, градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска одбиваше да ја реконструира Универзална по проектот на нејзиниот претходник Шилегов, бидејќи сметаше дека е небезбеден.
Универзалната сала не е во фунција уште од 2015 година, а минатата година ја зафати пожар кој ја пеплоса до темел.