На 16 октомври во Истанбул во Културно – информативниот центар на Република Македонија во Турција беше отворена изложба на академскиот сликар Зоран Арсовски-Бабата.

Изложбата на неговите дела е под наслов „Космички бумеранг”.

Посетителите ќе можат да ја видат до 26 октомври. Изложбата ја отвори директорот на КИЦ г-дин. Рамадан Рамадани.