На 02.04.2023 во 15:15 часот во СВР Тетово повикан е В.А.(37) од тетовска Стримница, кој претходно бил пријавен од 50-годишна тетовка дека кон крајот на минатата година, со закани, изнудил таа да ја продаде сопствената куќа, наводно во замена за стан во Тетово и пари.

Но, според пријавеното, ниту добила стан, ниту пари, иако потпишала купопродажен договор.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.