Израелската полиција денеска уби Палестинец, откако претходно уби еден и рани четворица Израелци, во близина на влезот на светата џамија Ал Акса во Ерусалим, соопшти полицијата.

Во соопштението се потсетува дека насилството на ова место, кое и двете религии го сметаат за свето, започна во мај.

Брзата помош соопшти дека три лица се здобиле со тешки повреди, а две со полесни, пренесува Сан Диего Трибјун.

Болницата Хадаса во Ерусалим подоцна објави дека еден од повредените починал, а болничарите потврдија дека палестинскиот напаѓач останал мртов на местото на нападот.

Палестинците го сакаат источен Ерусалим како главен град на нивната идна држава, но Израел го смета целиот град за вечен и неделив главен град на еврејската држава.