УЕФА денеска во Монако ја направи ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите, а клубовите кои изборија пласман во групите ги дознаа имињата на своите противници.

Од вкупно 32 екипи директен пласман обезбедија 26, додека уште шест дојдоа преку квалификации – Црвена ѕвезда, Јанг бојс, АЕК, Бенфика, ПСВ и Ајакс.

Бранителот на трофејот Реал Мадрид е во групата Г заедно со Рома, ЦСКА Москва и чешки Плзењ, а дебитантот Црвена ѕвезда е во група Ц со Наполи, Ливерпул и ПСЖ.

Лига на шампиони (2018/2019)

Група А: Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Монако, Клуб Бриж.

Група Б: Барселона, Тотенхем, ПСВ, Интер.

Група Ц: ПСЖ, Наполи, Ливерпул, Црвена ѕвезда.

Група Д: Локомотив Москва, Порто, Шалке, Галатасарај.

Група Е: Баерн Минхен, Бенфика, Ајакс, АЕК.

Група Ф: Манчестер сити, Шахтјор Доњецк, Лион, Хофенхајм.

Група Г: Реал Мадрид, Рома, ЦСКА Москва, Плзењ.

Група Х: Јувентус, Манчестер јунајтед, Валенсија, Јанг бојс.

Натпреварите од првото коло во групната фаза ќе се одиграат на 18 и 19 септември.