Фудбалерите на Бока Јуниорс и Ривер Плата одиграа 2-2 (2-1) во првиот натпревар од финалето на Копа Либертадорес.

На преполната Бомбониера во Буенос Аирес по 247.пат беше одигран возбудлив Суперкласико, најголем натпревар на двата аргентински великани во кој немаше победник иако Бока водеше во два наврата.

Тој резултат пред реваншот на стадионот Монументал на 24 ноември не носи никаква предност за „милионерите“ бидејќи во финалето за трофејот на шампиони на Јужна Америка гол во гости не е предност.