Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон на трката во Сао Паоло за Големата награда на Бразил оствари 10 победа оваа сезона во Формула 1.

Ново-стариот шампион 72 пат во кариерата заврши на прво местo.

На подиумот се искачија и Макс Ферстапен (Ред Бул) и Кими Раиконен (Ферари). Зад нив завршија Валери Ботас (Мерцедес), Себастијан Фетел (Ферари), Шарл Леклер (Заубер)…

Шампионатот на Формула 1 се завршува на 25 ноември со трката во Абу Даби.