Актуелниот НБА шампион Голден Стејт доживеа третиот пораз оваа сезона, откако на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс загуби со 121:116 по продолжение.

Резултати на другите натпревари играни ноќта меѓу понеделник и вторник:

Вашингтон – Орландо 117:109
Мајами – Филаделфија 114:124
Торонто – Њу Орлеанс 110:126
Чикаго – Далас 98:103
Мемфис – Јута 88:96
Минесота – Бруклин 120:113
Оклахома – Феникс 118:101
Сакраменто – Сан Антонио 104:99.

Во Западната конференција на првите две места се Голден Стејт со ефект 11-3 (победи-порази) и Портланд 10-3.

На Исток води Торонто со 12-2, пред Милвоки со биланс 10-3.