Европскиот шампион Реал Мадрид, ќе му понуди договор на Сантијаго Солари да остане на тренерското место до 2020 година, објавија многу шпански медиуми.

Солари беше привремено назначен за шеф на стручниот штаб, по отпуштањето на Хулен Лопетеги, но за кратко време ја оправда довербата. Под негово водство тимот забележа четири победи на исто толку натпревари: Мелила (4:0), Ваљадолид (2:0), Викторија Плзен (5:0) и Селта (4:2).

Според правилата во Шпанија, привремениот тренер може да биде на клупата само две седмици, Реал реагираше со давање 18-месечен договор на Аргентинецот.

Солари играше за „Кралскиот клуб“ пет години, а потоа работеше како тренер во помладите селекции и Б-тимот.