Согласно критериумите за доделување на наградата „13 Ноември“ што ја доделува Сојузот на спортови на Скопје, денеска беа врачени наградите на најзаслужните спортисти, тренери, екипи и спортски работници во македонската престолнина.

Наградени по категории:

Спортист – Бобан Илиоски (кик-бокс)
Тренер – Дејан Митровски (кик-бокс)
Судија – Зоран Поповски (тенис)
Екипа – Машкиот ракометен тим на Вардар
Новинар – Ласте Димитриовски (Нова Македонија)
Професор по физичко и здравствено образование – Мартин Мартиновски од ООУ „Партение Зографски“
Спортските работници – Никола Тасев, Перица Крстевски и Гордана Николовска
Спортски работници за Животно дело – Кочо Димитровски, Борче Брсаковски и Венцислав Недев за животно дело.
Општествено спортски работник/функционер – Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.