Елка ЈАЧЕВА-УЛЧАР

Лага е кога претседателот на Советот за македонски јазик, Људмил Спасов, на својот фб-профил вели дека во Законот за употреба на македонскиот јазик стои – задолжително вработување лектор по македонски јазик во државните институции. Точно е дека стои – задолжително лекторирање.

НЕ Е ИСТО – ИМА РАЗЛИКА. И ТОА ГОЛЕМА!

Претходно Јачева-Улчар реагираше и на изјавата на Оливер Спасовски дека станува збор за измени на Законот за употреба на македонскиот јазик. Тоа се прави со амандмани, истакнува Улчар, а ова е сосема нов Закон.