Руските комичари Алексеј Столјаров и Владимир Кузњецов, или познати како Лексус и Вован, кои се познати по своите имитации и измами на десетици политичари ширум светот, за своја нова „жртва“ го избраа премиерот на Косово Албин Курти.

Еден од нив во телефонскиот разговор се претставил како претседател на Летонија. За Време На Разговорот Албин Курти рече дека неговата влада е жртва на „хибридната војна“ што ја водат Србија, Русија и нивните сојузници.

Курти, исто така, го обвини поранешниот специјален пратеник за Србија и Косово Ричард Гренел дека помогнал да се собори неговата влада за време на неговиот прв мандат и дека е поврзан со таканаречената косовска опозиција. Вели дека Гренел работел против него четири години.

„Тој одигра клучна улога во соборувањето на мојата влада за прв пат во 2020 година.

Гренел се бори против ЛГБТ+, а тој самиот (Гренел) е геј. Знаеш ли дека и јас сум геј? Не, не знаев“.

Лицето кое се претстави како претседател на Летонија во продолжението на разговорот му порача на Курти – „Главна цел ми е да ја затворам Русија“. Целосно се согласувам, бидејќи нема да имаме мир во Европа, никој од нас, со ваква Русија“, рече косовскиот премиер. Тој се залагаше сите поактивно да се здружат и да ја поддржат Украина, како и да и обезбедат подобра воена опрема на таа земја.

Руските пранкери, во неколку наврати, разговараа со бившиот премиер Зоран Заев, а тој беше убеден дека разговара со „Порошенко, Столтенберг, таткото на Грета Тунберг“ итн.

Видеото може да го отворите ТУКА.