Во Апелациониот суд во Скопје се одржа јавна седница за продолжувањето на притворот на обвинетиот Јане Ченто за настаните од 27 април.
Обвинетиот Ченто пред тројцата судии Јани Нича, Цветанка Периќ и Сафет Кадрии рече дека го држат во притвор со опирани решенија и дека постојано го препишуваат само аргументот дека притвор се бара поради сериозноста на кривичното дело.
„Вратете ме во Шутка со браќата. Чест е да се биде во затвор во вакво време“, рече Ченто и додаде дека во Македонија има селективна правда. „Со факти и докази не’ држите 11 месеци во притвор. Моите браќа се во Шутка. Неправедно ги држите во притвор“, кажа правнукот на Ченто во судницата.