Четири лица завеани во снег во битолското село Горно Ореово, утринава биле спасени од припадници на Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување .

Како што соопштија од ДЗС, веднаш по добивањето на информацијата од вработени во ПО Битола, биле превземени сите активности за спасување на завеаните лица.

-По тешките околности на патот и соодветно пребарување на теренот четирите лица беа пронајдени вознемирени, во паника и неизвесност. Од страна на вработените во ДЗС на лицата им беа дадени топли напитоци, а потоа, истите беа превземени и безбедно вратени во Битола, информираат од ДЗС.

Активностите околу пронаоѓањето на завеаните лица траеле до 6 часот наутро.