Јане ЧЕНТО

Истражувањето на ИПИС го потврди она што го зборував во судот, а тоа е дека нас нѐ осуди режимот, а граѓаните знаат дека сме политички затвореници со монтиран случај.
– Затоа и излегоа 30.000 граѓани на улиците во Скопје да бараат повторно судење за нашиот случај.
Имено, во нејзиниот говор, кога ја носеше пресудата, Кацарска кажа дека нѐ суди во името на граѓаните.
Смешно зар не?!
И порачувам да види што мислат граѓаните за нејзината пресуда.
Граѓаните на Македонија во истражувањето на ИПИС кое е спроведено во месец ноември 2021 година кога се навршуваат точно цели 4 години од почетокот на ова монструозно сценарио го дадоа следното мислење за случајот ,,27-ми Април”. Во истражувањето се вклучени и Македонци и Албанци и останати етнички заедници.
Вкупно сите:
Дали овој случај беше полтички монтиран?
– Да – 50.4%
– Не – 21.4%
– Не знам – 28.2%

Дали сметате дека имаше селективна амнестија?
– Да – 51.5%
– Не – 17.5%
– Не знам – 31%
Дали сметате дека овој предмет треба да се врати на повторно судење?
– Да – 50.2%
– Не – 24.4%
– Не знам – 25.4%
Дали осудените се организатори или жртви за да се прикријат вистинските виновници?
– Жртви – 45.3%
– Организатори – 27%
– Не знам – 27.8%
Патот по кој одиме е тежок и мачен, треба премногу трпение за да докажеме дека не сме виновни за делото кои ни го монтираат.
Јас знам дека граѓаните се на наша страна, знам дека и тие, како и ние сакаме да функционира правната држава, за да не се случуваат во иднина вакви монтирани судски пресуди каде ќе страдаат невини луѓе и нивните семејства.
Заради ова довербата во судството и обвинителството на граѓаните во Македонија е на мизерни 6%.
Тоа се должи на ликови како Кацарска и Русковска. И двете после нашата пресуда вивнаа во кариерата – едната стана и претседател на Уставен суд, а да ги потсетам граѓаните дека истиот Уставен суд донесе ПРЕСУДА ПРОТИВ НЕА баш за нашиот случај.
*** морам да потенцирам дека кај анкетираните Македонци бројките во наша корист се драстично поголеми.
– Само кај Македонците ова се следните резултати:
Дали овој случај беше полтички монтиран?
– Да – 59.3%
– Не – 18.9%
– Не знам – 21.9%
Дали сметате дека имаше селективна амнестија?
– Да – 49.2%
– Не – 19.4%
– Не знам – 31.5%
Дали сметате дека овој предмет треба да се врати на повторно судење?
– Да – 60.2%
– Не – 19.5%
– Не знам – 20.3%
Дали осудените се организатори или жртви за да се прикријат вистинските виновници?
– Жртви – 46.3%
– Организатори – 25%
– Не знам – 26.3%
НЕНАДОМЕСТЛИВА Е ШТЕТАТА ВРЗ ОПШТЕСТВОТО, предизвикана со ОВОЈ ПОЛИТИЧКИ МОНТИРАН СЛУЧАЈ!
1. Дваесетина жртви на политички прогон со КВАЛИФИКАЦИЈА ЗА ПОЛИТИЧКО КРИВИЧНО ДЕЛО во 21 век, со ниту еден доказ непоткрепена, да не зборуваме за УМИСЛА и НАМЕРА
2. Инструментализација на судството, обвинителствоо и полицијата кои беа извршители на политичката нарачка. Дефинитивно штета по репутацијата на целиот кривичноправен систем.
3. Селективна амнестија со Закон за амнестија каков што не постои во историјата на ниту една држава во Европа и светот.
4. Тргување со влијание преку директно инволвирање на власта амнестирајки ги најодговорните пратеници кои ги отворија вратите и овозможија влез на граѓаните.
Нашето барање е повторно судење и тоа да биде во една фер и правична постапка со непристрасен обвинител и непристрасен судија кој нема да слуша наредба од политичките елити, туку ќе обвинува и суди според докази и факти, а не врз база на лажни сведоци.
Бараме правда!
Бараме фер судење!
СТОП за политичкиот прогон!