Господине Пендаровски, во неколку наврати ве слушам на радио вести како не нарекувате насилници. Вие сте професор на универзитетот “Американ Колеџ”, каде што бев на постдипломски студии, каде што и почитуваниот проф. Д-р. Шапуриќ, сегашен министер ми беше професор и таму на правните постдипломски студии не учеа за начелото на презумпција на невиноста, но тоа го заборавате сега кога сте претседателски кандидат и кога ви требаат дневно политички поени.

И изгледа заборавивте дека некој лично вас ве заштити и ви помогна да излезете од прес-салата на 27 април кога се случија тие немили сцени за жал.

Искрен ќе бидам, отсекогаш сум ве почитувал и како професор и како политичат, но одбравте погрешен човек кој ве кандидира и затоа ќе загубите, не вие туку тие што ве предложија. Вие сте чесен, но тие околу вас се со голем криминален багаж. Впрочем, ако ние сме насилници за една “клоца”, што се вашите сегашни пријатели кои ги отворија вратите на 27 април и го пуштија народот да изгори во емиции, што е вашиот аболициран пријател? Тие ли се европските вредности? Што се оние кои 2 година ја шараа Македонија и повредија повеќе од 200 полицајци и ја запалија канцеларијата на претседателот на државата? Што се оние кои насилно се обидоа да влезат во Владата?

Кога зборувате, бидете искрен кон вас пред се, не влегувајте во филмот на Заев, вие имате висок интелектуален капацитет и сте европски политичар за разлика на тие околу вас.
Ве замолувам задржете го вашиот интегритет и достоинство.
Да живее Република Македонија.