Дарко ЈАНЕВСКИ
Со деновиве веќе сме окупирани со Бугарите, вакви биле, онакви, еве дури и Хан ги искара, патем Грците на мир си ја бркаат работата, а да бидам искрен не знам зошто е тоа така. Бидејќи:
1 Бугарите не прислушуваа во МК за да го урнат Груевски, тој сам си се прислушувал;
2 Бугарите не измислија фејк пропаганда со 500 000 фантоми, демек затоа ВМРО победувал, туку СДСМ, шарената банда и новопечените комуњарски ортаци на ВМРО;
3 Бугарите не го гушкаа ГТЦ;
4 Бугарите не не лажеа за Мартин Нешковски, Заев лажеше, неговите АГИТПРОП гавази ширеа, а вие поверувавте (а на професионалецот Јовевски му е страв да го гони Заев иако сторил класично кривично дело – поздрав до експертите-токмаци по кривично);
5 Бугарите не ја запалија канцеларијата на Иванов и не ги фарбаа со боја и куртони ни Гоце, ни Даме, ни Самоил, ни Александар, овдешните кретени ги фарбаа;
6 Бугарите не потпишаа договор самите со себе (иако испаѓа дека Бугарин со Бугарин потпишал), туку со Заев;
7 Бугарите не го тепаа Стево љубави да каже дека Гоце е Бугарин, тој сам го стори тоа;
8 Бугарите не не нападнаа со тенкови и авиони заради Самоил, ние им го дадовме за хонорар, за ручек и за кафе. И не само Самоил, сме дале уште петмина други. Ене ви го Заев вчера денеска изјави;
9 Бугарите не ставија потпис на писмото на МПЦ до мајката црква БПЦ, нашите поглавици и нивните проширени желудници се потпишаа;
10 Бугарите не врескаа дека со француски клуч ќе ги размонтираат спомениците, овдешните врескаа;
11 Бугарите го имаат Филип среде Пловдив, и тоа подигнат со грчки пари, зашто Филип го основал градот. Оттука, тие не врескаа за „антиквизација“ на Македонија, туку почнаа да се потсмеваат кога овдешните загари веќе беа длабоко загазени;
12 Бугарите не ги тераа со сила овдешните да им лепат рацете па да можат да бидат уценувани;
13 Бугарите не ни ги создаа „проект-интелектуалците“, односно професорите по факултети чија главна цел е да молчат за да можат да добијат некој проект со странски пари…
Да редам уште…? Што од тоа расчистивме па да можеме на други да се лутиме? А во меѓувреме оние со Грците на мир си работат. Кога веќе сте запнале, таму се брише Македонија, и овде, во главите на полуписмените кои ракоплескаа на лепењето „хеленски“ табли. И не ни се ни Грците виновни. Но, не гледате дека всушност Бугарите служат да ни го свртат вниманието од главниот виновник, ако веќе го бараме во некој друг? Тој секако не е во Софија, ама тоа повторно не е бугарски проблем.
Е, да, да не биде дека не сум рекол: Ама тоа не ја амнестира Бугарија… Да во право сте!
Ама тоа не не амнестира и сите нас, почнувајќи од бандата предавничка. Или ние сме си добри, ај сега ќе заборавиме што било овде, ќе си ги гушнеме предавниците, ама Бугарите не чинат.