Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ на последната прес конференција рече дека изборната трка е многу тесна, но неговата партија влегува во трка за составување мнозинство за формирање влада.

Можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ победи во Аеродром, Гази Баба, Свети Николе, Македонска Каменица, Пехчево, Охрид, Прилеп, Петровец. Сепак Донтовиот модел ја прави оваа трка доста неизвесна. Сепак, народот покажа дека сака обнова. ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за составување мнозинство за формирање влада. До утринава ќе почекаме да ги видиме конечните резултатите, односно како ќе бидат поделени мандатите. Трката е тесна, речиси изедначена, да ги видиме финалните бројки, рече Јанушев.