Две лица починале по добивањето на вакцините на компанијата Модерна против Kовид-19, кои што подоцна се повлечени по откривањето дека се контаминирани, објави денеска јапонското Министерство за здравство.

Мажите на возраст од 30 -тина години починале овој месец само неколку дена откако ја добиле втората доза на вакцината Модерна, соопшти министерството, пренесува Ројтерс.

Двајцата починати мажи примиле вакцини од пратките што биле повлечени поради контаминација, а точната причина за нивната смрт се уште се истражува.