Јапонската влада одобри пакет даночни реформи со кои ќе се намали данокот врз храната и безалкохолни пијалоци од 8 проценти на 1 процент во текот на две години, почнувајќи од април 2027 година.
Мерката има за цел да ги намали инфлациските притисоци врз домаќинствата.
Кабинетот на премиерот Санае Такаичи планира да го достави потребното законодавство до парламентот за време на вонредна седница што се очекува да започне во октомври. Доколку се усвои, тоа би било првото намалување на тој данок откако беше воведен во 1989 година.
Изгубените буџетски приходи се проценуваат на околу 10 трилиони јени (65 милијарди долари). Владата планира да не ги компензира со издавање државни обврзници за финансирање на буџетскиот дефицит. Специфичните извори на финансирање мора да се утврдат до крајот на годината.
Владата ги усвои главните упатства за програмата за намалување на даноците и бенефиции на 5 август. Опозициските партии веќе изразија загриженост во врска со предлозите во рамките на повеќепартискиот совет за прашања од социјалното осигурување.




