Јапонија и САД постигнаа договор дека Токио ќе плати 13,64 милијарди долари во текот на следните пет години за американските војници стационирани на јапонска територија.
Како што јави денеска јапонската телевизиска мрежа НХК дека Договорот ќе важи од април следната година и ќе трае пет години.
Во просек, Јапонија ќе плаќа 211 милијарди јени годишно на САД, што е за 10 милијарди повеќе од тековната фискална година што завршува во март.