Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтер го погоди денеска подрачјето северно од јапонскиот остров Окинава, соопшти Геолошкиот институт на САД.

Засега нема информација за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту е издадено предупредување од цунами.

Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 257 километри под површина на земјата, на околу 346 километри од Наха, престолнина на префектурата Окинава.