Американскиот министер за финансии Џенет Јелен рече дека десетчасовните билатерални состаноци со кинески официјални претставници во последните денови биле „директни“ и „продуктивни“ и помогнале да се стабилизираат често нестабилните односи.

Јелен, која денеска ќе замине од Пекинг, рече дека САД и Кина имаат значителни несогласувања и дека за нив мора да се комуницира „јасно и директно“.

„САД и Кина имаат значителни несогласувања. Но, претседателот Џо Бајден и јас не ги гледаме односите меѓу САД и Кина во рамките на конфликтот на големите сили. Веруваме дека светот е доволно голем за двете наши земји да можат да напредуваат“, рече Јелен.

Јелен рече дека целта на посетата е воспоставување и продлабочување на врските со новиот економски тим на Кина, намалување на ризикот од недоразбирања и отворање на патот за соработка во области, како што се климатските промени и прашањата за долгот.

Таа повтори дека Вашингтон не сака да се одвои од кинеската економија, додавајќи дека тоа би било „катастрофално за двете земји и дестабилизирачко за светот“.