Соединетите Американски Држави и Кина ќе создадат форум на кој ќе разговараат за балансиран економски раст на домашен и меѓународен план, најави денеска американската министерка за финансии Џенет Јелен.

Таа ја објави веста по состанокот во Гуангжу со кинескиот вицепремиер Хе Лифенг.

„Оваа размена ќе го олесни дијалогот за макроекономските нерамнотежи, вклучително и нивниот однос со (производството) прекумерен капацитет, и имам намера да ја искористам оваа можност да се залагам за еднакви услови за американските работници и бизниси“, рече Јелен.