Американската министерка за финансии Џенет Јелен ги заврши четиридневни разговори во Кина со предупредување на банките и извозниците во земјата дека Вашингтон „ќе тргне по нив“ доколку помогнат во зајакнувањето на руските воени капацитети.
„Нагласив дека компаниите, вклучително и оние во Народна Република Кина, не смеат да даваат материјална поддршка на руската војна и дека ќе се соочат со значителни последици доколку го сторат тоа“, изјави Јелен, пренесе Блумберг.
Како што рече таа, сите банки кои овозможуваат значајни трансакции кои насочуваат воена стока или стока со двојна намена кон руската одбранбена индустрија се изложени на ризик од американски санкции.
Јелен се закани со санкции во Пекинг на денот кога рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Пекинг за да разговара за различни прашања, вклучувајќи го и конфликтот во Украина.
Таа најави дека нови разговори ќе бидат започнати идната недела со состанок на две американско-кинески работни групи во Вашингтон.