Судскиот процес против аптекарот од Клиниката за онкологија, Калтрин Уштеленца, за кој имаше наводи дека барал мито за да обезбеди биолошка терапија ќе продолжи и покрај тоа што почина пациентката Минка Беизовска којашто го обелодени овој случај.

Процесот продолжува затоа што е предмет кој започнал по службена должност, а не по приватна тужба-велат од Јавното обвинителство за ТВ 24.

Предметот е отворен откако пациентката која имала рак на белите дробови по примени четири хемотерапии превентивно требало да ја прима биолошката терапија.

Таа во исказ пред судот тврдеше дека аптекарот од Клиниката и барал 100 евра на секои три недели за да и ја обезбеди терапијата. Наместо сестрите тој и ја носел терапијата „кејтруда“ , а таа му ги давала парите на рака.

Пациентката во соработка со полицијата успеала да го фати аптекарот на дело. Пред два дена се одржа рочиште на кое пациентката не била во можност да присуствува поради влошување на здравствената состојба. На истото рочиште инспектор од МВР во исказот истакна дека со уште шест полициски службеници биле присутни на местото на извршувањето на кривичното дело и лично виделе дека банкнотата му била дадена во десната рака и ја ставил во дуксерот  продолжил да јаде од својот појадок. Во тој момент бил лишен од слобода од нивна страна. Беизовска јавно го обелодени нејзиниот случај во екот на аферата на Клиниката за онкологија, за која почна да се води истрага во обвинителството за злоупотреби на терапиите, а се формираше и Анкетна комисија во Собранието.