Луѓето чија телесна тежина, крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта осцилираат може да имаат поголеми шанси за срцев и мозочен удар од оние кај кои тие параметри не се менуваат, покажува корејско истражување.

-Дебелината и трајно зголемен висок крвен притисок, холестеролот и зголемениот шеќер во крвта веќе долго време се поврзуваат со зголемен ризик од срцеви заболувања и мозочен удар и смрт поради тие причини, вели д-р Сеунг-Хван Ли од Католичкиот универзитет во Сеул.

-Но малку беше познато за тоа што се случува кога овие метаболизам-фактори на ризик осцилираат, особено кога не постојат дијагнози како што се дијабетес или хипертензија, вели Ли.

За целите на тоа истражување тимот на Ли ги проучувал податоците собрани од Корејскиот систем за здравствено осигурување од 2005 до 2012 година за повеќе од 6,7 милиони луѓе кои немале срцев удар, дијабетес, хипертензија или зголемен холестерол. За време на студијата беше објавено дека речиси 55.000 починале, повеќе од 22.000 имале мозочен удар и повеќе од 21.000 срцев удар.

Во споредба со оние чија тежина, крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта не осцилираа, оние со највисоки осцилации имале 2.3 пати поголеми шанси да го загубат животот за време на студијата, и повеќе од 40 проценти поголеми шанси за срцев или мозочен удар.