Шеснаесет студенти беа хоспитализирани во Татарстан, Руска Федерација, поради труење откако една студентка нанела парфем во училницата, објави денеска регионалното министерство за здравство.

– Кај студентите од колеџот за наставници се јавиле симптоми како што се мачнина, вртоглавица и повраќање откако студентката се попрскала со парфем, изјави директорот на локалната болница.

Сите тие се во добра состојба и им е дијагностицирано труење со непозната супстанција, додаде тој.

Регионалната комисија за истраги објави дека започнала кривична истрага за масовно труење.