Александар Јончевски кој ја имаше улога на селектор на македонската кошаркарска репрезентација на вчерашниот дуел со Грузија рече дека не е разочаран и покрај поразот со 79:65.

– Уште еднаш противникот освои заслужи победа, но и ние имавме одлични моменти во играта, така што не можам да се пожалам. Сакам да им честитам на моите играчи за борбеноста, почитта кон националниот дрес во овој ‘прозорец’. Можам да кажам дека споредено со првиот натпревар имавме подобар одговор на целокупната игра на противникот, иако не можевме да го контролираме скокот од наша страна. Имавме отворени шутеви и нереализирани шанси, ова не е најдоброто од нас, но не можам да кажам дека не сум задоволен од овие играчи. Имавме само шест поени од клупа, не сум разочаран, но секако можеше да биде подобро, истакна Јончевски по вториот пораз од Грузија во  мудо-квалификациите.

Македонската репрезентација има четири порази во исто толку натпревари и е со минимални шанси да ја помине групата.