Лицемерно е тоа што го прави СДСМ со НОБ и АСНОМ, нагласи членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов во изјава за медиумите.

– Денеска одбележуваме 75 години од убиството на Вита Поп Јорданова една од најистакнатите дејци и борци на Народно ослободителната борба на македонскиот народ, рече Јорданов.

Натаму за лицемерството на владејачката партија додаде:

– Морам да истакнам дека крајно лицимерно е што претставниците на СДСМ, денеска одбележувајќи го овој ден, почитувајќи го делото на Вита Поп Јорданова како и на другите дејци и борци од Народно ослободителната борба, лицимерно овде пред јавноста ги почитуваат и чествуваат, а во исто време во собраниска процедура се одрекуваат од АСНОМ, од борците од Народно ослободителната борба со самата промена на Преамбулата на Уставот, притоа вметнувајќи го Рамковниот договор, изјави Јораднов.

Со ова, додаде тој, уште еднаш се потврдува лицимерната и погубната политика на СДСМ.