Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, во изјава за бугарската БНТ вели дека луѓето со бугарска самосвест во Македонија се подложени на многу тешки судења и дискриминација.
За ваквата ситуација посочи дека ќе биде известен комесарот за човекови права во Советот на Европа.
– Бугарија ќе внимава на однесувањето на македонските власти за продлабочување на јазикот на омразата и навремено ќе бидат известени сите европски институции, рече Јотова.
Според Јотова, Бугарија треба да одговори со сите средства во однос европските партнери и билатерално.
– Да беше до Кирил Петков уште во јануари без никакви услови од бугарска страна ќе го укинаше ветото, но фала богу не му беше дозволено, додава Јотова.
Инцидентот со охриѓанецот Христијан Пендиков кој заврши во болница во Софија беше осуден од страна бугарската, но и од власта во Македонија. Шефот на дипломатијата Бујар Османи утринава го посети Пендиков заедно со својот бугарски колега Николај Милков.