Бугарската потпретседателка Илијана Јотова е разочатана што Заедничката историска комисија не работи, или нејзината работа станува сè побесмислена и сè поформална, што нема промена на учебниците на што инсистираше бугарската страна, ниту пак за останатите барањана Бугарија кои „црно-бело се напишани во заеднички протокол“.
Нема последици за палењето на клубот во Битола и за нападот на бугарскиот културен клуб „која е официјална институција на бугарската држава, и на реципрочна основа, бидејќи и тие имаат свој културен институт овде во Софија“ вели Јотова.
– Нема ниту една казна, сите осомничени се на слобода, нема ниту еден знак дека владата на РСМ сака прво да стави кочница на овој незамислив јазик на омраза што продолжува да се влева во РСМ во однос на се што е бугарско, како и конкретни решенија за тие, какомшто тие велат, кривични дела, пренесува Експрес изјави на Јотова за медиумите.
Таа прашува доколку овие криминални манифестации се толку чести, „како РСМ го замислува своето идно членство во ЕУ, кога една од најважните теми во преговарачкиот процес е борбата против криминалот и корупцијата.
– Не гледам никаков знак или сигнал дека наскоро Бугарите во РСМ ќе си го најдат своето место во македонскиот устав, вели таа.
Јотова додава дека имала чувство дека се прави „намерна кампања за да се спречи нашата заедница да биде запишана таму во основниот закон на PCM…
– Ќе продолжиме да ги поддржуваме Бугарите во РСМ и да се бориме за нивните права, бидејќи таму каде што недостигаат човекови права, нема Европа. Ќе бараме македонските власти да ги исполнат обврските што веќе ги презедоа, вели Јотова.