На денешното рочиште за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски одговори на тврдењето на Вилма Русковска дека сакал да пребега во Грција.

-Тоа не е точно, А, Рускоска е адвокат на две мафии. Нема да кажам кои. За да излезам од притвор бев уценува од Рускоска да кажам дека Катица е виновна, дека Фросина Ременски земала пари. Сакала да ја бетонира оти немала докази, а ми беше кажано дека ако не сведочам вака, ќе биде обвинет и мојот татко, истакна Јовановски.