СДСМ нема некоја идеолошка платформа, значи единствената платформа која кај нив је гледам е освојување на власта, а тоа не е идеологија, тоа е желба, истакна вечерва во своето гостување во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски безбедносниот аналитичар Владо Јовановски.

-Таа желба мора да биде реална, мора да се проценат реалностите и врз основа на тоа да се одредат начините како да се дојде до власта. Како вие целите да ги придобиете луѓето, гласачите без да поседувате некаква идеологија, значи во името носат социјал-демократи, а партијата ја водат ултрабогаташи. Богаташи кои можат да се носат со богаташи од Франција, од Германија, од најбогатите земји во светот, вели Јовановски и додава:

„Тоа во самиот старт е лицемерно. Во сите досегашни програми кога и да биле на власт не спровеле ништо што е во некаков интерес на поширок слој на граѓани. Се што спроведувале било во нивни интерес, би рекол личен интерес, од прилика тоа ми доаѓа како некое здрушение за освојување на власта и пшотоа приграбување на се што власта може да пружи, во смисла криминал, корупција збогатување…„.